October 15, 2019 11:08
Македонија

Заев-Туск: Подготвени сме за обележување на заеднички успех со добивање одлука за почеток на преговорите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска е домаќин на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој заедно со делегација од Советот ја посети земјава, во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври. Премиерот Заев и претседателот на ЕС Туск придружувани од членови на делегациите на Владата и на Европскиот совет во Владата одржаа билатерална средба на која беше изразена благодарност за заложбите и поддршката на Туск за обезбедување напредок на Северна Македонија на нејзиниот пат за интеграција во Европската Унија.

Премиерот Заев изрази благодарност за личната заложба на Туск за обезбедување гаранции за реална европска перспектива за целиот регион истакнувајќи го напредокот на земјата, во поглед на остварување на реформската агенда, особено во областа на владеењето на правото.

Нагласувајќи дека до следната седница на Европскиот совет има само уште неколку недели, Премиерот Заев ги посочи напорите и засилените ангажмани на Владата за обезбедување силна поддршка од земјите-членки на ЕУ за заокружување на нашата досегашна работа и одбележување заеднички историски успех со добивање одлука за почеток на пристапните преговори.

Премиерот Заев ги изрази очекувањата за усвојување на одлука за отворање преговори за пристапување во ЕУ од страна на Советот на ЕУ на 15 октомври и Европскиот совет на 17-18 октомври.

Нови вести

Црвен крст: Кампања по повод Денот на гладта (16-22 Октомври)

Valentina

Пендаровски за Die Presse: Дајте ѝ шанса на Северна Македонија

Valentina

(Видео) Милевски: Се обновува валандовската градинка „Калинка“ – подобри услови за над 140 деца

zane