October 25, 2020 22:35
Македонија

Заев треба да одговара многу повеќе, неговата мафија ја уништи економијата и го осиромаши народот

Зоран Заев со казната од 50 евра за сообраќаен прекршок сака да ја залажува јавноста дека во Македонија има правна држава. Додека прават евтин театар јавноста се уште очекува реакција од институциите за криминалниот бизнис кој го направи Заев со контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ тежок 200 милиони евра. Јавноста чека реакција од институциите и за аферата „Леонардо“ и за аферата „СВ Инвест“ и за десетици криминали на власта на Заев тешки стотици милиони евра.

Аболицираниот криминалец Заев треба да одговара многу повеќе од 50 евра казна.

Со своето мафијашко владеење ја направи Македонија најкорумпирана држава во Европа во која мафијата се богати а народот осиромашува. Ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%. Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот.

Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија.