April 24, 2019 22:47
Македонија

Заев: Се уште се дебатира за предвремени избори, можен е и консензуален претседателски кандидат

СДСМ се уште го нема дефинирано својот став дали да оди на предвремени избори, оти дилемата е дали да се оди на нов мандат или да се фокусираат на евроинтеграциите и добивањето датум за пристапни преговори со ЕУ, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Дилемата за тоа дали да се распишат предвремени парламентарни избори е помеѓу две опции – дали да се определиме за еден цел нов мандат што е привлечно за политичарите, за да можеме да испорачаме економски ефекти, ефекти на реформи и подобрување на севкупниот живот или да превагне интересот на државата наспроти партиите, а тоа е да не дадеме никаков изговор на земјите членки кои дел од нив генерално се против проширувањето, а Македонија чека позитивна одлука на самитот на ЕУ во јуни, каде верувам дека Евроспакат комисија која е на крајот на својот мандат сака да остави свое наследство. Македонија блеска во делот на политичкото решавање на билатералните отворена прашања и сме пример и за Европа и за целиот свет. Во делот на реформите сме комплетно успешни, рече Заев на новинарско прашање по посетата на Клиниката за неврологија заедно со министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека верува оти Парламентот низ дијалог ќе продолжи консензуално да ги носи своите одлуки, како што впрочем се завршува, рече, и процесот за избор на Антикорупциска каде се гласаше со консензус и оти судските реформи во фервруари Парламентот ќе ги донесе исто така со консензус, како и новите закони за реформи во УБК, во администрација, нагласувајќи дека имплементацијата ќе биде видлива до 26 јуни кога треба да се одржи самитот на ЕУ каде очекува позитивна одлука за Македонија и отворање на поглавјата.

-Тоа е причината која превагнува во одговорноста на носењето на одлуките. Демократската дебата е развиена, ама ако претседателот на партијата го каже својот став ќе ја утапи дебата внатре, вели Заев.

Тој додаде дека овие денови разговараат и со коалициските партнери, со политички партии кои се надвор од коалицијата, партии кои не се парламентарни, консултираат, како што вели, многу значајни здруженија на граѓани, прават анкети и анализи и во однос на изнаоѓање најдобриот кандидат за претседателските избори.

-Јас сакам да ја потенцирам потребата од свесност на нашето општество изразена преку политичките партии и да ги повикам сите да направиме една заедничка, одговорна анализа и да пронајдеме личност или личности зад кои би можеле да застанеме ние како политичари, нашите политички партии заради тоа што граѓаните застануваат зад нив. Ако најдеме такви личности тоа би бил вистински консензуален кандидат кој ќе ги имплементира политиките на ова модерно живеење, на 21. век со прогресот и просперитетот кој Македонија го има идополнително го очекува, тогаш вредно е да направиме напори да дадеме шанса да изнајдеме таква личност, рече Заев.

Тој ги повика и ДУИ и БЕСА на Гаши и БЕСА на Касами, и другите помали партии да се приклучат на ова.

-На локалните избори направивме квантен скок, граѓаните гласаа за личност, не Албанци за Албанци, Макењдонцис за Македонци… Гласавме за личност. Можемне да направиме уште еден скок. Ако изнајдеме квалитетни решенија, вреди ова да го направиме. Можеби ќе успееме можеби не, но вреди да дадеме шанса. До 21 март се поднесуваат кандидатурите. Имаме доволно време за внимателно да анализираме…Треба да посветимем достоинствено внимание, затоа што претседателот на државата е многу важна функција во државата, рече Заев.

Во врска со изјавата на ДУИ дека нема да поддржат кандидат за претседател произлезен од конгресот на СДСМ, Заев рече дека кандидатот заедно ќе го бараат по пат на заедничка анализа.

-Заедно ќе го бараме. Не мораме да чекаме конгрес некоја партија да дефинира, затоа што ако која било партија дефинира тогаш ги приклонува другите партии да следат. Тоа не е консензуално барање. Консензуално е ако ангажираме од нашите партии и платиме експерти, да ни направт добри анализи и да изнајдеме кандидати така растеретени. Не зборувам за пратеник, за премиер, за министер, за директор, зборуваме за претседател на државата тука е и одговорноста на сите нас како политичари. Низ една заедничка анализа да изнајдеме вистински личности или личност, да застанеме зад таа личност сите и ако бидат дами тоа е убаво, рече Заев, додадавјќи дека тоа можат да бидат и граѓани од која било етничка припадност и кој било сфера од општественото живеење.

Тој посочи дека нема да се кандидира затоа што има, вели, одговрност да го сработи тоа што е ветено.

Нови вести

Мицкоски: Ова е историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ, видовме кој е прегазен на овие избори

Igor

Невладините од Западен Балкан ја повикаа ЕУ да не го одложува почетокот на преговорите со Скопје и Тирана

Igor

Штабот на Пендаровски: Новинарката Снежана Лупевска не ја говори вистината

Igor