June 23, 2021 07:29
Македонија

Заев: СДСМ победува затоа што постојано се менува

„СДСМ победува затоа што постојано се менува. Ја отворивме партијата за сите кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и кои се подготвени да работат за доброто на државата и граѓаните“ истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на отворањето на 26. Конгрес на Партијата.

Тој додаде дека во последните четири години СДСМ се промени многу во начинот на работа и функционирање и особено во демократизацијата на партијата.

„Со последните измени на Статутот уште повеќе ја демократизиравме партијата, но и го зајакнавме учеството на младите и жените во органите и телата на СДСМ. За првпат СДСМ организираше внатрепартиски, непосредни избори за претседател на партијата. Со тоа поставивме нови стандарди на македонската политичка сцена и пример, кој веруваме дека ќе го следат и останатите партии“ кажа Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека партијата во моментов брои над 80 илјади членови и постојано расте, како и дека СДСМ е единствената партија која има локална организација во сите општини во државата.

„Воведовме етички кодекс и нов мерит систем на функционирање на партијата, со што се мери успешноста на секој функционер назначен од СДСМ и се врши евалуација на постигнатото на градоначалниците и претседателите на општинските организации“ рече Заев.

ANIMEFLIX fairy tail animeflix: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 12

4Anime persona 4 anime netflix: Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (Dub) Episode 9