April 5, 2020 14:52
Македонија

Заев: Продолжуваме да го следиме примерот на Борис Трајковски

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната несреќа во Мостар, БиХ во која загина поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев преку својот профил на Фејсбук порача дека продолжуваат да го следат неговиот пример.

„„Блажени се тие што градат мир…“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик која е аманет за сите политичари.

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот…

Posted by Zoran Zaev on Среда, 26 февруари 2020

Претседателот Борис Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.

Ние продолжуваме да го следиме неговиот пример, градејќи мир, едно општество и соработка со сите наши соседи“, напиша Заев.