Македонија

Заев: Пред објавувањето на „бомбите“ имав четири состаноци со Груевски

Еден дел од моите разговори произлегуваа од воспоставување на посебни истражни мерки и врз мене како градоначалник и претседател на СДСМ. Односно мал дел од разговорите беа обезбедени со ПИ-Мерки, а поголемиот дел нелегално, рече премиерот премиерот Зоран Заев, кој во Кривичниот суд сведочи за масовното нелегално прислушување во УБК, односно за случајот „Таргет и Тврдина“.

Тој ја потврди автентичноста на „бомбите“, односно на неговите разговори, потсетувајќи дека тој самиот објавил разговор од него и неговата тогашна малолетна ќерка.Заев кажа дека му биле прислушувани два телефона, 070 214 143 и 075 214 143.

Заев одговори и дека тој лично селектирал што ќе оди во јавност и оти имал во посед еден милион разговори и СМС-пораки.

-Не дозволивме да излезе ниту еден разговор од приватна природа, туку оние кои укажуваа на кршење на законот, рече сведокот.

Тој дополни дека поседувале преку еден милион различни комуникации, односно разговори.

-Информацијата дека поседувам вакви материјали ја споделив со тогашниот премиер и неколкумина стручни лица во обвинителството во кои верував. Груевски се шегуваше и на средбите дека тоа не е возможно, односно толку материјали да бидат во наш посед. По укажување на луѓе од обвинителството, одлучив да ги споделам со јавноста кои што ќе го натераат општествениот систем соодветно да се позиционира, рече сведокот Заев.

Обвинителот Пеливанов го праша сведокот колку пати во тој период се сретнал со Груевски?

-Пред објавувањето на „бомбите“ имав четири состаноци со Груевски во неговиот кабинет. Му предочив дел од тие материјали во наративна форма, за содржината на неколку разговори, со цел да му докажам дека поседуваме такви разговори. Му раскажав содржина на негови разговори. Еден од разговорите е како тој тајно купува плац на Водно, рече Заев, кој додаде дека Груевски му побарал аудио или транскрипт од разговорите, но не му дал.

watch animes. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Naruto (Dub) Episode 215

watch anime 4Anime Hunter x Hunter (2011)

watch subbed anime Death Note (Dub)

Fairy Tail

anime online Your Name.

tải go88