January 27, 2020 11:34
Македонија

Заев: Прво конуслтации во СДСМ и со малите партии, потоа одлука за ДУИ

По внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии ќе се одлучува за активностите на ДУИ, односно за поднесувањето на пет-шест илјадите амандамани за Изборниот законик, истакна премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев кој рече и она што ВМРО-ДПМНЕ испратило девет илјади амандмани е силен сигнал за блокирање на процесот.

-Ќе ги видиме сите анализи. Со партнерите ќе разговарам и сакаме да ги видиме ваквите објаснувања. Но, како што реков вчера, навистина пораката е многу нелогична, партнерите во најмала рака зборуваат. Ние зборувавме со нашите аргументи зошто е подобро една изборна единица. Се одржаа состаноци, се носеа одлуки од страна на политичките партии и не смееме да не го слушаме гласот на помалите политички партии. На крајот имаме изнасилена демократија. Демократијата се базира навистина на мнозинството и аргументите да ги ставиме на маса. Имаше одредени идеи сега да донесеме па да важат 2024. Јас се залагам да важи веднаш и мислам дека тоа можеме, истакна лидерот на СДСМ.

Ова, рече тој, е еден исчекор што сме должни пред граѓаните да го направиме не заради тоа што ние сме ветиле пред изборите. Реков ние губиме, после тоа губи ВМРО-ДПМНЕ, па после добиваат сите. -Прво добива државата ама добиваат и сите други политички партии, нагласи Заев.

Нови вести

Обраќање на потпретседателот на СДСМ, Коста Петров за Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот На Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаусот се сеќаваме на сите мажи, жени и деца кои беа злоупотребени, измачувани или убиени за време на Холокаусот. Се сеќаваме на 7148-те Евреи од Северна Македонија кои на 11 март 1943 година бea депортирани во концентрациониот логор во Треблинка. Се сеќаваме на шесте милиони Евреи, Словени, Роми, хомосексуалци, луѓе со инвалидитети, верски лидери и многу други луѓе кои храбро се спротивставиja на Нацистичкиот режим. На овој ден, исто така, се сеќаваме на храброста на сите оние кои ги штитеа нивните еврејски заедници, илјадниците кои ги ризикуваа нивните животи за другите да имаат вистинска шанса за живот. Се сеќаваме на лицата кои ги преживеаја камповите на смртта и на нивната храброст и волја за живот. Да не дозволиме да се заборави каде може да нè одведат предрасудите и омразата и да го зачуваме ова сеќавање како лекција за генерациите кои доаѓаат.

Valentina

Полицискиот синдикат апелира да се пошитува истражувачкото новинарство

Valentina

Стефанова:Осомничените во „Империја” скоро секогаш дознавале што презема СЈО против нив

Valentina