April 21, 2021 00:23
Македонија

Заев: Посветени сме на покачување на платите

Продолжува растот на платите од месец во месец. Просечната исплатена нето плата во декември 2020 изнесувала 28.294 денари, што е зголемување за 5,4 проценти во однос на истиот месец во 2019, поточно за 1.458 денари, објави на неговиот ФБ статус премиерот Зоран Заев.

– Посветени сме на покачување на платите за да стигнеме до 34.000 денари во следните четири години, со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, напиша премиерот Заев.