September 19, 2019 12:37
Македонија

Заев побара од пратениците итно да го донесат новиот закон за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев побара пратениците веднаш да го донесат новиот Закон за јавно обвинителство, откако вчера шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева беше притворена како осомничена во случајот „Рекет“.

Заев апелираше до ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот, а од пратениците на СДСМ да ги приближат ставовите со опозицијата.

„Опозицијата и сите пратеници час поскоро треба да го донесат новиот Закон за јавно обвинителство. Во вторник Собранието почнува со работа, деновите се броени и треба да ги покажеме нашите ставови преку одлуките за овој закон. Да не оставиме било каков аргумент на земјите членки кога ќе носат одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ“, рече Заев.

На новинарско прашање дека италијански новинар најавил нови „бомби” и оти Заев во нив наводно е лично инволвиран за набавки во здравството, премиерот одговори дека доколку постојат докази за незаконско инволвирање веднаш да се објават.

Најави дека утре во Собранието ќе достави предлог за пополнувување на испразнети места.

Премиерот рече и дека Неџат Мехмедовиќ ќе биде заменик – министер за политички систем и односи меѓу заедниците, со што преку учество на таа позиција шанса добива бошњачката заедница.

Премиерот го повика и Советот на јавни обвинители да постапи в.д. специјален обвинител и се надева дека тоа ќе го сторат за неколку дена.

Нови вести

„Талир 2“ одложен за 15 октомври

Valentina

Средба на претседателот Пендаровски со Народниот правобранител Иџет Мемети

Igor

Земјите од регионот разменуваат искуства за поголема вклученост на граѓаните во заедниците

zane