January 20, 2021 17:17
Македонија

Заев: Пендаровски не е толку искусен политичар како што е Зоран Заев

По изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека Бугарија е „живковистичка“ држава, и забелешката дека тој веројатно знае оти Тодор Живков повеќе од 30 не е на власт, Заев во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“  го правда Пендаровски дека е пријател на Бугарија, иако не е толку искусен политичар како него.

Но, вели Заев, тој целосно е посветен на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и се разбира на интеграцијата во НАТО и во ЕУ.

-Верувајте, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Нормално, затоа што работел со нашите претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозен општественик и е ангажиран целосно на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ. Некој пат, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со зборовите. Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот памет, е комплетно желбата и сонот за големо пријателство, кое го имаме, но треба да го доизградиме и тој е голем поддржувач на договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија, му одговори Заев на бугарскиот новинар.

За изјавата на Пендаровски од 20 ноември, дека „актуелната бугарската политика, власт или опозиција сосема сеедно, нема излезено од матрицата на Живковизмот“, Заев додаде дека „тоа е исто како да кажете дека ние сме Титова Македонија или не знам Лазармојсова Македонија или не знам каква“

Watch Hortensia SAGA Episode 1 at ANIMEFLIX animeflix site

Yashahime: Princess Half-Demon (https://crunchyrollfree.com/m/0ndj) Episode 15 at website https://crunchyrollfree.com vrv free account