October 26, 2021 20:34
Македонија

Заев останува на ставот дека одлуката за оставките ќе ја донесе согласно информациите од истрагата

Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека останува на ставот оти ќе ги чека информациите од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па потоа ќе донесе одлука за оставките на двајцата директори на болницата, министерот и заменик министерот за здравство.

– Како што реков, ред е да ја почекаме истрагата. Така да јас би чекал и секако останувам на ставот на тоа што го соопштив, согласно информациите од истрагата јас ќе го соопштам ставот по етичкиот однос на поднесувањето на оставките на директорот на болницата, на економскиот директор, на министерот за здравство и на заменик министерот за здравство, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.

Се надева час поскоро дека ќе заврши истрагата, заради тоа што, како што рече, граѓаните чекаат да добијат информација за тоа што точно се случило и кои се причините за пожарот.

Околу барањето на опозицијата да биде формирана анкетна комисија за пожарот во болницата, премиерот кажа дека ниту тој, ниту Парламентот треба да истражат еден орган.

– Конзистентни сме во политиките и ставовите што ги градиме. Нека излезе истрагата, нека сработат професионалците и експертите и нека кажат во суштина преку своите извештаи, а секако Парламентот потоа си има право да формира анкетни комисии, да дебатира, да анализира, да укажува, да корегира итн., рече Заев.

Прашан дали има простор за сомнеж за злоупотреба на средства од Светска Банка, тој рече дека ни малку не се сомнева.

– Нема да коментирам, истрага е нормално. Благодарни сме што Светска Банка излезе со ваквите флексибилни алатки навремено за многу земји, така и за нас и да можеме проактивно да реагираме кога граѓаните беа блиску до можноста да останат пред паркинг просторите пред Инфективната клиника. Потоа во инфективните клиники ширум државата да направиме модуларни болници кои се поставуваат времено заради прифат на граѓаните позитивни на ковид и обезбедување на доволни места, апсолутно спецификацијата е таа која е направена, таа е иста спецификација што ја има насекаде во светот, не е ништо поразлично, ја има во многу земји каде ги има истите спецификации и проекти и така е спроведена, со тоа што секако и самата имплементација е така реализирана. Истрагата ќе ги даде сите детали и сите одговори потребни за целото население, заклучи Заев.

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Website https://animedao.nl: Watch Overman King Gainer (Dub) animedao Episode 26 animedao anime list

AnimeFreak: Potemayo anime episode 12 online free at https://animefreak.ws animefreak one piece

Animepahe: Anima anime episode Full online free at https://animepahe.cc stream anime online

Mootools: https://mootools.net/forge/profile/gogoanimebe

Animefreakws blogspot: https://animefreakws.blogspot.com/2021/06/animefreak.html