June 16, 2021 15:12
Македонија

Заев: Освен со решавање проблеми на надворешен план, се бориме и со деструктивната опозиција

„Ние од доаѓањето на власт се боревме на два фронта истовремено: на надворешен план, мораше да се решаваат наследени децениски проблеми, прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години, и на внатрешен план, од првиот ден кога почнавме да ја водиме Владата, ние сме соочени со целосно деструктивно водство на опозицијата, со истата режимска матрица која прави се` за да ги спречува реформите “ истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев во неговото обраќање на отворањето на 26. конгрес на партијата.

Тој додаде дека СДСМ решавала и решава прашања за кои популизмот носи брзи политички поени, но истовремено и ќор сокак за идните генерации.

„Преку храброст, визија и одлучност го решивме спорот со Грција и денес нашиот сосед е еден од нашите најсилни поддржувачи и сојузници. Ја обезбедивме сигурната иднина на државата и народот, и го потврдивме македонскиот идентитет заедно со македонскиот јазик“ потенцираше Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека СДСМ води три битки од самото доаѓање на власт – борба против режимот и неговите остатоци, борба за подобар живот и за европски стандарди дома, како и борба за безбедна и сигурна иднина во НАТО и ЕУ.

„Со многу трпение и прецизно планирање, со мудри одлуки, со посветеност и над се’ со борбеност, ги добивме сите битки во изминатите четири години“ истакна Заев.

ANIMEFLIX i want to eat your pancreas animeflix: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub) Episode 8

GoGoAnime anime sites: Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (Dub) (https://gogoanime.be/m/RzvX) Episode 9