September 20, 2021 22:41
Македонија

Заев: Одлуката за коалиции и поддршка за локалните избори ќе зависи и од кандидираните личности

Премиерот Зоран Заев вели дека одлуката за тоа како ќе се настапи на локалните избори во сите општини, па и во Тетово, и дали СДСМ ќе даде некому поддршка, ќе зависи од личностите кои ќе бидат кандидирани.

-Прво да ги видиме кандидатите номинирани од сите партии, затоа што реков да побарам поддршка од помалите партии, дали е тоа ДУИ, БЕСА, ДПА или незнам партиите на Србите, партиите на Турците, на Бошњаците, Власите, на Ромите, треба да понудите и квалитетно решение од она што го имате на располагање. Затоа што, повикувајќи ги нашите членови, а после тоа и поддржувачи, мора да имате аргументации за самите кандидати. Тоа се однесува за цела наша земја. Не е само Тетово. Тетово е актуелно заради тоа што веројатно ќе има најмногу кандидати. Јас верувам токму низ ликовите на кандидатите ќе ги изнајдеме и решенијата, рече Заев, одговарајќи на новинаско прашање по промоцијата на комплексот Планет.

Секако, нагласи тој, некаде се очекува поддршка уште во првиот круг, некаде се очекува во вториот круг.

-Некаде нема да биде возможно ниту во вториот круг, односно на крајот победникот и градоначалникот заедно со претставниците во советот ќе може да прави мнозинство во советничката група да избере претседавач во советот и да ги земе гајлето и обврските за да работи. Така стојат работите и јас верувам дека ќе изнајдеме коалиција, рече премиерот.

Тој информира дека имал средба со лидерите на ДПА и БЕСА и најави дека денеска ќе има средба и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

-Со него ќе разговараме и уште еднаш ќе потврдиме дека желбата за заеднички настап е присутна, а деталите  јас и тој веројатно денеска не можеме да ги кажеме. Се уште траат постапките за кандидати за градоначалници. Ниту знаеме кои ќе бидат од ДУИ, ниту од БЕСА, ниту од ДПМНЕ, ниту од СДСМ. Еве за Тетово да кажеме, некои ги знаеме. Така да верувам на крајот ќе постигнеме заеднички настап заради тоа што ни е обврска на сите, а истовремено се надевам сите заедно ќе ја негуваме филозофијата за едно општество за сите. Значи, ќе бидат проткаени мултиетнички листи со мултиетничка карактеристика на кандидатите и градоначалници и градоначалнички, истакна Заев.

Во врска со тоа дали СДСМ размислува да излезе во трката за градоначалник за Тетово со свој кандидат етнички Албанец премиерот истакна дека во постапката во партијата има пет кандидати, од кои тројца се Албанци номинирани од партиската општинска организација.

-Секако следуваат анкети како и за сите други општини. И во такви околности би бил среќен ако имаме кандидат Албанец кој ќе биде фаворит, затоа што само тогаш можете да инсистирате да одите со својот кандидат, заради тоа што знаете како стоите со рејтинзите во секои од градовите, нагласи премиерот.

Тој не сакаше да коментира за имиња затоа што, како што рече, постапките за избор на кандидати за градоначалници се уште траат. 

Website https://4anime.biz: Watch Mameneko 4anime Episode 12 persona 4 the animation factor of hope

AnimeBee: Hane (2016) anime episode Full online free at https://animebee.to watch anime online

Wind: A Breath of Heart Episode Full

Birthday Boy (https://animefreak.ws/m/4g4Z) Episode Full

Talk plesk: https://talk.plesk.com/members/animefreakws.227073/#about

Themepalace: https://themepalace.com/users/animeflixnl/