October 26, 2021 21:20
Економија Македонија

Заев: Нови добро платени работни места со инвестицијата на „Филип Морис”

Педесет нови млади лица ќе бидат вработени во центарот за грижа на корисници на „Филип Морис” кој од „Телеперформанс” од Атина се префрла во Скопје.

Станува збор за модерен центар за корисничка поддршка во кој веќе работат 300 лица, а бројот на вработени ќе се зголеми за уште 50. Просечната плата е околу 700 евра што е над просекот во земјава.

– Ги поддржуваме младите кои сакаат да работат во интернационална компанија во која ќе бидат инспирирани да учат, да растат и да се развиваат. Нудиме одлични можности за работа, атрактивна плата и пријатна работна атмосфера со цел младите да останат да работат во државата, рече главниот извршен директор на „Телеперфоманс Германија задолжен за македонската филијала Михел Шмит на денешната промоција во Скопје.

За премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи присуствуваше на настанот, ваквите инвестиции на интернационални компании кои веќе работат во земјава, се потврда дека деловната клима нуди можност за раст и развој на приватниот сектор.

-Ги повикувам и охрабрувам компаниите да продолжат да инвестираат, а ние како Влада ќе останеме посветени кон развојот на бизнис климата во земјата. Глобалните компании како „Филип Морис Интернешнл ” вложуваат во иновации и развој, отвораат нови можности за младите да работат во средина карактеристична за големите светски реномирани компании. Тоа значи и можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Денешната инвестиција на компанијата овозможи 50 млади луѓе да ја започнат својата кариера во меѓународна компанија каде младите ќе имаат можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Задржување на младите во земјава и развојот на компаниите во Северна Македонија е императив за економските политики кои ги спроведуваме. Вложуваме многу во овој сегмент и посебно сме горди кога сме на ваков настан да ги слушнеме резултатите, успесите и плановите за развој на приватниот сектор”, истакна Заев.

Најави дека Владата останува посветена на развојот на поволна бизнис клима во земјава и ги охрабри компаниите да продолжат да инвестираат во земјава.

„Филип Морис Интернешнал” влезе на македонскиот пазар во 2014 година кога го презеде Тутунскиот комбинат во Прилеп.

– Поставивме заедно нови стандарди и и успеавме да ја трансформираме тутунската индустрија во земјава. Од една страна, Тутунскиот комбинат Прилеп постигнува одлични резултати што се однесува до производството на цигари, а од друга страна „Филип Морис” го комерцијализираше IQOS, иновативен уред кој го загрева, но не го согорува тутунот, а кој има потенцијал да ја трансформира целата тутунска индустрија и да обезбеди иднина без тутунски чад, рече генералниот директор на „Филип Морис”, Иван Костиќ.

Website https://4anime.biz: Watch Revolutionary Girl Utena 4anime Episode 39 hunter x hunter 4anime

Website https://wcostream.cc: Watch Log Horizon 2 wcostream Episode 25 wcostream dragon ball z

AnimeHeaven: Coppelion anime episode 13 online free at https://animeheaven.pro anime websites

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD

Blogger: https://www.blogger.com/profile/09364928539063079000

Sxd quangnam: http://www.sxd.quangnam.gov.vn/Default.aspx?tabid=158&TLID=6526