Новата 2021-ва е антикорупциска година
Ќе водиме активна и постојана кампања за подигнување на свеста кај граѓаните, за негативните ефекти на корупцијата во различните области и сектори и за сите механизми кои им стојат на располагање за да заедно се спротивставиме на ова зло.

Како една од алките во борбата против корупцијата е воспоставувањето на ефикасен контролен механизам. Оваа година започнуваме со воведување на електронски систем за инспекција – „Е-инспектор“
, којшто ќе овозможи електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под капата на Инспекцискиот совет. Преку системот ќе се намали субјективното влијание на секој инспектор за време на инспекцијата.

