October 26, 2021 13:32
Македонија

Заев: Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, за македонски јазик и идентитет не се преговара

„Ние со Бугарија продолжуваме да градиме пријателски односи, бидејќи ни треба решение. Затоа што треба да одиме во ЕУ и да ја исполниме втората еднакво значајна цел по НАТО. Јас сум горд и сум среќен што доживеав за време на мојот мандат како премиер, Република Северна Македонија да биде членка на НАТО. Тоа е остварување на стратешка цел утврдена уште во 1993 година со Резолуција донесена од Парламентот“, истакна претседателот  на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 и дополни дека НАТО освен стабилност и безбедност, значи и потврда за територијалниот идентитет и суверентитетот на државата.

Премиерот Заев посочи дека португалското претседателство изнесе јасно решение што е македонски јазик и идентитет, а тоа го презеде и актуелното словенечко претседателство со ЕУ и со Бугарија воопшто не се разговара за јазикот и идентитетот.

Тој истакна дека се зборува за патоказ со кој ќе се унапредат меѓусебните односи и поефикасно ќе го спроведеме Договорот за пријателство и добрососедство.

Премиерот Заев наведе дека посакува во Бугарија да се формира политичка, како што истакна пред сè тоа е значајно за бугарските граѓани да имаат стабилна Влада, но и да се добие можност за изнаоѓање на взаемно решение.

Watch anime online for free at TwistMoe english dubbed anime

AnimeDao: Koi ni Naritai Aquarium anime episode Full online free at https://animedao.nl animedao reddit

Website https://animeflv.uk: Watch Slayers Try animeflv Episode 26 watch anime

Watch Kuma no Gakkou: Patissier Jackie to Ohisama no Sweets Episode Full

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/animefreakws

Cutt: https://cutt.us/0pJAI