October 22, 2021 23:53
Македонија

Заев не размислува за оставка: Мицкоски да дојде, премиер да биде?

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка. Тој во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.

-Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи. Сѐ додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Другата алетрнатива е ова: заедништвото, инвестициите, повисоките плати, придонес во БДП, истакна Заев по посетаста на новата фабрика за кабли во Сарај.

Во однос на понудените оставки рече дека нема дополнителен коментар зашто за тоа, нагласи, секој ден дава изјави.

– Трагедијата нѐ погоди сите и ќе ја памтиме цел живот. Изгубивме животи. Да ги причекаме форензичите извештаи, нагласи премиерот.

Тој уште еднаш рече дека сите покажале чувство на одговорност, доаѓајќи веднаш на местото на несреќата за да помогнат некако. Злоупотребувањето на болката низ која минува цел народ, рече Заев, е чисто политиканство.

 

TwistMoe: Tosca anime episode Full online free at https://twistmoe.net anime stream

AniWatch: Strange Steel Fairy Rouran anime episode 28 online free at https://aniwatch.pro free anime

AnimeKisa Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeBee: Galaxy Angel S anime episode Full online free at https://animebee.to stream anime online

Getpocket: https://getpocket.com/@gogoanimebe

Community windy: https://community.windy.com/user/animeflixnl