October 26, 2021 14:52
Македонија

Заев: Нечесно е цела нација да се квалификува како фашистичка

Премиерот Зоран Заев во гостувањето на ТВ 24 рече дека е нечесно е цела нација да се оквалификува како фашистичка.

-Непријатно е чувството, да се ставите член на која било нација и да ве именуваат како името на нацијата и фашистички окупатор, рече Заев.

Според него, во европските учебници се избегнува етничката или националната обоеност на фашизмот. Вели дека немало дилеми оти Бугарија била дел од нацистичкиот сојуз предводен од тогашна нацистичка Германија.

-Историјата ќе го потврди тоа. Некој се обидува тоа нешто да го смени или па некој нешто бара во делот на историјата? Се знае како бил направен Третиот рајх или пактот. Се знае кој се приклучил, кои земји учествувале, но мислам дека доминантно населението ќе се согласи оти тоа не треба да биде цела нација. Зашто и тогаш имало зачетоци и цели едни групации коишто биле на страната на Антифашизмот и во самите земјите. На крајот, пред завршувањето на Втората светска војна и Бугарија се приклучила на Антифашистичките сили. Тоа го имаме и во нашата, а не само во меѓународната историја, рече Заев.

Вели дека и дома, во Македонија имало соработници на фашизмот.

Website https://aniwatch.pro: Watch The Ones Within (Dub) aniwatch Episode 12 watch animes

Patalliro! Stardust Keikaku (https://kissanime.mx/m/YPWK) Episode Full

AnimeFreak: Digimon Data Squad anime episode 48 online free at https://animefreak.ws animefreak site

Video Warrior Laserion (Dub) Episode 17

Blurb: https://www.blurb.com/user/gogoanimelol

Zeef: https://zeef.com/profile/animefreak