Македонија

Заев на средба со Хрисохоидис: Поддршка за аспирациите кон ЕУ и развој на соработката

Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се сретна со Михалис Хрисохоидис, министер за заштита на граѓаните на Хеленската Република.
На состанокот е заеднички констатирано дека е отворено ново поглавје во билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Хеленската Република и дека во последниве две години соработка меѓу државите оди во нагорна линија.
Оценето е дека се чувствува напредок во нашата држава, при што е посочено на придонесот на премиерот Заев во посочените развојни процеси. Во таа насока, пренесена е пораката дека Хеленската Република продолжува да ги поддржува аспирациите на нашата држава кон Европската унија, во рамки на важечките договори и добрососедските односи и дека има определеност Хеленската Република да има водечка улога на патот на земјава кон ЕУ. За таа цел, соопштено е дека има политичка поддршка, но и заинтересираност за техничка поддршка на тимовите од Северна Македонија коишто ќе работат на поглавјата во рамки на пристапниот процес кон ЕУ.
Премиерот Заев посочи на придобивките од развојот на добрососедските односи помеѓу двете држави, како што е зголемениот интерес на грчки инвеститори во нашата држава, посебно во областа на енергетиката, како што е интересот за ХЕЦ Чебрен, за ТЕЦ Неготино, или обратно, вклучувањето на нашата држава со 10-процентно учество во стратешкиот проект за природен гас Александрополис.
„Граѓаните и компаниите веќе ги чувствуваат бенефитите од зајакнатата соработка по Договорот од Преспа, а пред нас е голем потенцијал за натамошно унапредување на односите, како на политичко ниво, така и на цивилно ниво”, рече премиерот Заев.
На состанокот беа посебно нагласени заложбите за интензивирање на соработката помеѓу МВР и Министерството за цивилна заштита на Хеленската Република, преку денешната размената на планови и идеи, со цел заедничко дејствување во борбата против криминалот и корупцијата, нелегалната миграција, безбедноста на граѓаните. Посочено беше и на посветеноста кон отворањето два гранични премина кај Преспа, Маркова Нога и Мајден. Како пример за меѓусебната доверба е истакната и соработката насочена кон заштитата на интегритетот на воздушниот простор на земјите членки на НАТО и склучениот технички аранжман помеѓу министерствата за одбрана на двете држави.
На средбата е разговарано и за меѓусебната помош и поддршка во справувањето со последиците од пандемијата.

KissAnime watch animes: Watch Attack on Titan Final Season Episode 8 (https://kissanimeonline.com/m/31z8/ep-8)

AniWatch dubbed anime: Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita. (https://aniwatch.pro/m/eMQd) Episode 1