March 3, 2021 22:12
Македонија

Заев наместо врз Бугарија прави притисок врз историската комисија, смена на членовите е со намена на притисок за прифаќање на ново предавство

Нетранспарентното менување на членот на историската комисијата со Бугарија од страна на Заев е обид за замолкнување на вистината

Заев го замолкнува секој обид за спротивставување кон неговите политики и го деградира сечие мислење и критика насочено кон обелоденување на историските факти.

Со отстранување на членот на комисијата,Заев сака да ја претвори оваа историска комисија како и секоја друга институција во државата каде има свои послушници. Наместо да се штити професионализмот и националните интереси, премиерот предавник на својот народ и држава сега повторно ќе ја менува историската стварност во полза на Бугарија, за да си ги задоволи своите сметки и бизниси.

Заев безобразно лаже за смената на членот на комисијата кој беше критички настроен, а со тоа прави дополнителен притисок кон останатите членови, за казната која би ја добиле. Целта е јасна да се потпишат и да се согласат сите  членови на се што ќе каже деспотот Заев, за да може да се пазари со идентитетот.

Повеќе од три месеци Владата молчи за Анексот и за неговата содржина, која претставува нова капитулација за Македонија и одрекување од идентитетските обележја и историските вистини.

Факт е дека историскиот ревизионизам на власта се спроведува по секоја цена, не бирајќи средства и начини.

Секое премолчување и сокривање на вистината како непојавувањето на Димитров во македонското собрание, Заевата рамнодушност и неартикулисаност кон идентитетските прашања и тајните договори со Софија ќе бидат повторно погубни за националните интереси, затоа што очигледно дека пазарот со историјата, политичките калкулации и притисоци се поважни за бизнис.

Re:ZERO -Starting Life in Another World- Episode 25 at website https://gogoanime.be weathering with you gogoanime

Watch Death Note (Dub) Episode 13 at website https://animeflix.nl. See more animeflix another