April 24, 2019 22:28
Македонија

Заев: Млад сум за председател, изборот е одговорност на сите нас

Премиерот Зоран Заев изјави дека е млад за да се кандидира за претседател на државата, како и дека е одговорност на сите да се избере вистински кандидат.

-Јас би бил добар консензуален кандидат, гледајќи ги анкетите и рејтинзите, посебно мултиетнички гледано, но знаете дека јас не сум кандидат, заради тоа што одговорноста ја чувствувам во она што се вели, да се сработи тоа што е ветено на граѓаните. Верувам, дека по групни и тешки, односно ни малку лесни одлуки, кои што се донесоа, добиваме „убав ветар во грб“. Треба да сработиме. И се сметам за поприлично млад, рече Заев.

Премиерот на изјавата на Али Ахмети дека нема да подржи кандидат што ќе излезе од конгресот на СДСМ, одговори дека заедно ќе го бараат.

-Не мораме да чекаме Конгрес некоја партија да дефинира. Заради тоа што, ако било која партија дефинира, тогаш ќе ги приклонува другите партии да следат. Тоа не е консензуално барање. Консензуално барање е ако организираме од нашите политички партии, платиме експерти, а имаме сега повеќе пари од Буџетот, да ни направат добри анализи и да изнајдеме кандидати, растеретени. Не зборуваме за пратеник, за премиер, за градоначалник, за министер, за директор. Зборуваме за претседател на државата. Тука, е одговорноста и на сите нас, како политичари, како политички партии. Низ една заедничка анализа можеме да изнајдеме вистински личности, или да застанеме зад една личност сите. Затоа што, еве како претседател соработувам со претседателот, знаете дека имаме кохабитација, не е тоа лесно. Многу е важно да имаме претседател на државата кој што навистина ќе води грижа за сите граѓани и ќе води грижа за татковината, за важните политики, рече Заев.

 

Нови вести

Штабот на Пендаровски: Новинарката Снежана Лупевска не ја говори вистината

Igor

Заев од Прилеп: Сите вие што останавте дома знам дека се ежите од помислата за враќање на режимот на Груевски

Igor

Демократската партија на Турците: Ги осудуваме влијанијата врз функционирањето на ИВЗ

Igor