November 30, 2021 09:46
Македонија

Заев: Кондовски e симболот на обединувањето и прогресот во Битола

Не е сеедно во какви раце ќе ја оставиме Битола, порача вечерва од пред битолскиот Офицерски дом лидерот на СДСМ Зоран Заев, повикувајќи на обединување и заедништво.

„Христо Кондовски е овде во Битола симболот на обединувањето. Христо Кондовски овде е симболот на прогресот.“-рече Заев, додавајќи дека Кондовски како докажан менаџер ќе донесе прогрес во Битола, бидејќи Битола има потенцијал да се натпреварува со Скопје, Тетово, Охрид, Струмица, Штип и сите други градови во поглед на урбаниот, зелениот, хуманиот и севкупниот развој, како и квалитетот на живот на граѓаните.

„Вечерва дојдов да ве повикам сите граѓани да се обединиме. Бројките покажуваат во вториот круг сите сме обединети. Слободата, демократијата во државата даде право и тоа апсолутно заслужено право да излезат независни листи, да излезат помали политички партии, но сите сме заедно во визијата и за Битола и за нашата татковина. Битола има потенцијал за прогресивност над 32.000 гласови и сите знаат пред каков предизвик е исправена и Битола и сите општини во државата, а со тоа и државата.“-рече Заев.

Верувајте ми покрај вас силно верувам во победата, не само затоа што тоа е математички пресметливо со овие обединети сили на прогресот , туку верувам затоа што сме единствената опција која има програма и која гарантира со проекти, рече кандидатот за градоначалник Христо Кондовски обраќајќи се до битолчани.

„Нема што да се двоумиме, само ние имаме програма и гарантираме дека 100% ќе ја исполниме програмата и тоа за доброто на Битола, за економски развиена Битола. Битолчани, драги мои сограѓани, ветивме многу, а ќе исполниме исто така многу. Ветивме стотици мали месни проекти, во нашите рурални средини, во нашите маала, во нашите сокачиња. Уште од првиот ден ќе почнеме да работиме“-рече Кондовски.

 

Посочи дека во програмата се вклучени 22 големи проекти од кои 10 се капитални проекти. „Ветивме долгоочекувано решение на проблемот со централното градско јадро, ветивме зелена Битола, ветивме дека топлификацијата и гасификацијата ќе пристигнат, ветивме решавање на Генералниот урбанистички план. Сето тоа ќе го направиме. Затоа што верувајте ми, имам сила, енергија, визија и знаење заедно со вас тоа да го работам од првиот до последниот ден.“-рече Кондовски.

4Anime Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

ANIMEFLIX: I'm Standing on a Million Lives Season 2 (Dub) anime episode 9 online free at https://animeflix.nl animeflix beastars

Watch Galaxy Angel Z: Shouen to Shien no Kasure Episode Full

Watch Battle Angel Alita (Dub) Episode Full

The Mystical Laws Episode Full