March 22, 2019 03:57
Економија

Заев и Танасоски ќе доделат прво Одобрение за Овластен економски оператор

Премиерот Зоран Заев и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски денеска во Владата ќе го доделат првото Одобрение за Овластен економски оператор.

Овластен економски оператор (ОЕО) е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени.

Овластениот економски оператор користи олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста и/или поедноставувања пропишани со царинските прописи

Нови вести

Во февруари раст на кредитирањето, поголемо кај корпоративниот сектор

Valentina

Успешна приказна за користење европски пари во млекарницата „Сентис” АГ во Тетовско Џепчиште

Valentina

Просечна плата во јануари 24.517 денари

Valentina