August 25, 2019 09:34
Економија

Заев и Анѓушев во обиколка на системот за водоснабдување на Гевгелија

Премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков и директорот ја јавното претпријатие Комуналец Гевгелија, Златко Зумров денеска беа во обиколка и увид на системот за водоснабдување на Гевгелија.

Преку овој систем за водоснабдување и бунарите денеска се снабдуваат со чиста и здрава вода околу 16.000 жители од гевгелискиот регион.

Во рамки на  увидот на бунарите и системот за водоснабдување градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков посочи дека е решен долгогодишниот проблем на гевгеличани со водоснабдувањето и присуството на арсен во водата за пиење,  сериозен проблем за кој алармираа граѓаните уште од 2012 година и е основа за изградба на целосно нов систем за водоснабдување кој денеска ги снабдува граѓаните со чиста, здрава и питка вода.

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев имаа прилика да ги посетат просториите каде што се наоѓаат пумпите и системите за регулација и се информираа за проектот, изградбата и перформансите на системот за водоснабдување, како и механизмите за контрола и регулација со кои е решен проблемот и обезбедена чиста вода за пиење за Гевгелија и околните села.

Нови вести

Завршени 70 проценти од гасоводниот крак Неготино-Битола

zane

„Напредни лозари”:Лозарите да ги бојкотираат откупувачите кои нема да почитуваат производствена цена на грозјето 

zane

Димковски во Словенија: Воведувањето на нови технологии за земјоделците е клучно за модерно и конкурентно земјоделство

zane