August 22, 2019 00:54
Македонија

Заев има нов телефонски број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите. Од кабинетот на Заев најавија дека преземаат мерки за зајакнување на ефикасноста и безбедноста во спроведувањето на транспарентната агенда составена од состаноци, настани и комуникации.

Како што повлекуваат од Владата, во тек е унапредување на протоколите и правилата за закажување состаноци и за спроведување на телефонски разговори во Кабинетот, со цел да се обезбеди високо ниво на проверки и заштити на комуникациите на премиерот.

Како дел од мерките за безбедност и внимателност во дигиталните и телефонските комуникации, во рамки на кабинетот на премиерот променети се дел од техничките уреди, вклучително и мобилните телефони и броевите на мобилните телефони на премиерот и на дел од неговите соработници.

Премиерот направил и анализа на професионалноста и ефикасноста на ангажманите на своите советници и соработници, врз основа на што на дел од ангажираните лица ќе им се заблагодари за досегашната соработка, велат од владината прес-служба.

Согласно најавата за одлучно спротивставување и справување со дезинформации и со напади врз демократијата во земјата, Кабинетот на премиерот подготвува План за одлучна акција против ширење дезинформации чија прва верзија наскоро ќе биде претставена на јавноста, а потоа и консултирана со засегнатите чинители и со стратешките партнери на земјата.

Нови вести

Адвокатот Павлески се откажува од Панделевски – Ќе ја застапува само Катица

24news

Како Груевски ја бранеше Јанева дека била стручна, искусна и стабилна личност

24news

За Јанева нема место во „хашкиот оддел“ во Шутка

Igor