December 4, 2020 23:59
Македонија

Заев изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Турција

Премиерот Зоран Заев вечерва на Твитер изрази сочуство за жртвите од земјотресот што го погоди реонот на турскиот град Измир.

– Вознемирувачки се сликите што пристигнуваат по големиот земјотрес во Измир, Турција. Во име на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија, упатувам најискрено сочувство до фамилиите на жртвите и повредените. Се надеваме на брзо закрепнување од последиците, наведува Заев во објавата напишана на македонски и на турски јазик.