October 26, 2020 01:40
Македонија

Заев: Знаковниот јазик има еднаков статус со сите говорни јазици

Во духот на определбата на Обединетите нации за поддршка и негување на лингвистичките идентитети, денеска го славиме Меѓународниот ден на знаковниот јазик што го користат 72 милиони луѓе ширум светот, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

-Одбележувањето на овој ден е силна афирмација дека согласно Конвенцијата за правата на луѓето со попреченост, знаковниот јазик има еднаков статус со сите говорни јазици и дека обврска на секоја држава е да ги промовира можностите на граѓаните од заедниците на глуви и наглуви. Владата на Република Северна Македонија ја прифати оваа вредност и во соработка со националниот Сојузот на глуви и наглуви лица, ги применува сите можности за создавање пријателски средини и за еднаков пристап на овие наши сограѓани во општествените процеси во Северна Македонија, вели Заев.

Меѓународен ден на знаковниот јазик

Во духот на определбата на Обединетите нации за поддршка и негување на лингвистичките идентитети, денеска го славиме Меѓународниот ден на знаковниот јазик што го користат 72 милиони луѓе ширум светот. Одбележувањето на овој ден е силна афирмација дека согласно Конвенцијата за правата на луѓето со попреченост, знаковниот јазик има еднаков статус со сите говорни јазици и дека обврска на секоја држава е да ги промовира можностите на граѓаните од заедниците на глуви и наглуви.Владата на Република Северна Македонија ја прифати оваа вредност и во соработка со националниот Сојузот на глуви и наглуви лица, ги применува сите можности за создавање пријателски средини и за еднаков пристап на овие наши сограѓани во општествените процеси во Северна Македонија.#InternationalSignLanguageDay

Posted by Zoran Zaev on Среда, 23 септември 2020