Македонија

Заев: Земјата е безбедна, некој само го фотографирал возилото на Пендаровски

Заев: Земјата е безбедна, некој само го фотографирал возилото на Пендаровски

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски не бил следен, туку некој му го фотографирал возилото од љубопитство, изјави премиерот Зоран Заев и тврди дека земјата е стабилна и безбедна, а информацијата дека Пендаровски бил следен е инструирана од некои квазипатриотски друштва.

„Земјата е безбедна и утврдивме дека некој сакал да претстави некоја лажна слика за овој настан, кога станувало збор само за фотографирање на возилото на Пендаровски. За жал и натаму има луѓе кои сакаат лажно да претстават некои информации. Тоа се некои квазипатриотски друштва, и тие луѓе се влезени во некои филмови“, рече Заев.

На денешниот марш во организација на Форумот на жени на СДСМ присуствуваа и кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Нови вести

Антикорупциска ќе испитува како се трошеле буџетски пари во државни институции

Igor

СДСМ: По хаосот што го оставија ВМРО-ДПМНЕ немаат кредибилитет да зборуваат за препораките од УНЕСКО

Daniela

Столтенберг и Северноатлантскиот совет на НАТО доаѓаат во Скопје

Daniela