July 23, 2021 21:20
Македонија

Заев за српски Курир: Чичко ми ме натера да влезам во политика

„Уште во 1995 или 96 година, чичко ми ми кажа дека мора некој од бизнис сектор да влезе во политика, бидејќи политичарите работаат само со професори и не знаат што е реалност. Тој ми кажа дека мора некој да го учи политичарите да дизајнираат поинаков амбиент, да создадат фер услови за сите“ вели премиерот Зоран Заев во интервју за српски „Курир“.

Во интервјуто, лидерот на СДСМ, повторува дека прв пат пратеник станал во 2003 година, а од 2005 и градоначалник на Струмица.

„Кој ме контролира? Мислам дека само Зорица ме контролира. Бидејќи знаете како викаат – и над шефот има шеф“ се шегува премиерот Заев.

Тој повторува дека неговите бизниси никако не зависат од политиката и дека е растеретен од пари бидејќи неговото семејство има успешни компании, па поради тоа нема потреба да влегува во никакви афери и незаконски работи.

„Кога ме поврзуваат за афери, па и аферата „рекет“, само можам да им кажам дека тоа е во ред, бидејќи нема врска со мене. Растеретен сум од пари, бидејќи пари имам цел живот, буквално од кога знам за себе. Поради тоа немам никакви причини да правам незаконски работи или да влегувам во нешто што е макар и неетично“ вели Заев.

Тој додава дека неговото семејство е спремно да помогне каде што може, бидејќи парите не може да се носат во гроб.

„Живеам во Струмица, таму ми живеат и децата, сопртугата, во истата куќа со моите родители. Живееме среќно, не премногу богато, бидејќи во нашата куќа владее правилото дека пари во куќата треба да има колку што е доволно за нормален и добара живот. Се останато е капитал и инвестиции“ вели Заев.

Тој додава дека парите се проблем кога ги немаш, но и кога ги имаш премногу.

„За среќа кај нас немаше проблеми поради парите, но луѓе околу нас парите ги доведоа до девијанатни појави – коцкање, па бесна кола, па некој и ќе загине“ објасни премиерот Заев.

https://wcostream.cc watch anime online. Choco Kyouju no Oheya (https://wcostream.cc/m/G4PV) Episode Full

AnimeFreak Watch english anime Online in HD for FREE. 5 Centimeters Per Second Episode Full

AnimeBee Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Tenjho Tenge: The Ultimate Fight Episode 2

KissAnime Minecraftforum: https://www.minecraftforum.net/members/kissanimemx