April 8, 2020 13:42
Македонија

Заев за Сител: Мерките на Мицкоски не ја стимулираат приватната и јавната потрошувачка

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на прашање во интервју во Дневникот на телевизија Сител зборуваше и за предлог мерките кои ги понуди опозицијата со цел полесно да се надмине економската криза во државата. Ја коментираше мерката со откуп на благајничките записи.

„Прво мора да имате државни девизни резерви, затоа што ако ги немате нема никој да ви даде кредит, тие се своевидна гаранција, и ние таа гаранција ја даваме со потпис на министерот за финансии. Комерцијалните банки имаат запишано 400 милиони евра преку благајнички записи. Народната банка ако има потреба ќе ги откупи тие благајнички записи  и ќе ги пушти кон банките за да ја зголеми ликвидноста, но банките имаат слободни пари и затоа ние не земаме кредити од домашните банки. Ако им се загрози функцијата на банките, тогаш ќе се примени оваа мерка со благајничките записи, но за тоа ќе каже гувернерката на Народната банка.”- искоментира Заев.

Тој се осврна и на предлогот на Христијан Мицкоски дека платите треба да се намалат до 50 отсто од просечната плата, што би значело дека би изнесувала 12.500 денари, но дека со предлозите на СДСМ таму се одредува минимална плата од 14.500.

„Мицкоски предлага кратање, а кога ние предлагаме кратење не му се допаѓа. Истовремено, тој предлага државата да даде обрзници,  да ги купат граѓаните кои имаат пари, но јас не се согласувам, и тоа што е ликвидно да сега треба да го црпиме, треба да го земеме како држава, а тие пари треба да флуктуираат да ги оставиме таму да се трошат. Ако ги исцедиме  тогаш тие ќе се донесат во буџетот, а тоа е намалена потрошувачка кај граѓаните и затоа не се согласувам. Ние треба дома се што можеме да скратиме од јавната и приватната потрошувачка. Кога ги гледаме расходите и се што значи одлив кон надвор треба да го скратиме, се што значи пуштање дома – пуштај. Да можеме сега да отвориме уште четири до пет грандиозни, капитални проекти, би го направил тоа со 30 отсто аванас, со 70 отсто на државни обврзници, да им се плаќа на градежните компании за десет години, да можат државните обвзници да ги претвораат во пари, нешто како Маршаловиот план. Целта е да произведеме што повеќе пари насекаде, за стимулирање на приватната, но и на јавната потрошувачка. Јавната потрошувачка најчесто се поврзува со градежништвото, а градежништвото вклучува 70-тина гранки и дејности, и сето тоа не е нешто што јас сум го измислил, туку се меѓународни теории кои што даваат резултат.”- порача Зеев во Дневникот на телевизија Сител.