February 27, 2021 14:16
Македонија

Заев за пописот: Да покажеме дека сме народ што заслужува држава, опозицијата нека престане да драматизира

„Има начин како се спроведува попис, може и без физички контакт, и второ зошто од се да се прави политички проблем. Ние 20 години немаме направено попис, знае и опозицијата зошто е важен пописот, важен е за сите политики, па и за нивните партиски политики, но и за здравствените, економските, образованите, за функционален развој на државата. Го имаме Евростат, кажувате со слободно изјаснување што сте по националност, што по верско убедување. На крајот имаме резиденти и нерезиднети, оние кои се надвор подолго од година. Регулирано е како тие се попишуваат, а тие бројки се менливи, постојано имаме флуктуација на населенито, светот стана глобално село, некои одат неколку месеци надвор да работат, па се враќаат. Пописот е толку одговорна работа, што е најмалку што ние можеме да направиме за државата. А ни треба за да креираме успешни политики и затоа има казни. Гледам почнаа организации од страна на опозицијата да не се попишувале граѓаните, но кој ќе им ги плати казните на луѓето? Не гледам зошто се прави драма, сите објаснуваат, странците, интелелктуалци, експертите, дај една работа да ја завршиме конечно без политизирање.“- повика премиерот Зоран Заев, во интервјуто за емицијата Трилинг на ТВ 24. Потсети дека власта сакала да ги прифати предлозите на опозицијата во врска со пописот, но сие нивни предлози испаднале нефункционални во праксата, а тоа го воочила и самата опозиција. „Да не банализираме се во државата. Не мора и од пописот, тоа е статистичка операција, да покажеме дека сме народ што заслужува да има држава.“- додаде Заев во интервјуто.

I want to eat your pancreas Episode Full at website https://funimationfree.com. See more yu yu hakusho funimation

Watch Attack on Titan Episode 14 (https://kissanimeonline.com/m/GM/ep-14) at website https://kissanimeonline.com kissanime promare