Македонија

Заев за „Двојник“: Легитимно е моите коалициони партнери да имаат средба со Пекер

Легитимно е коалиционите партнери да имаат средба со Седат Пекер, еден од најголемите турски криминалци кој имал македонски пасош со лажен идентитет, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, оценувајќи ја акцијата „Двојник“.

-Јас сум запознаен кој од коалиционите партнери имале средба на негово барање низ чаршијата и на други места, но апсолутно , не може да се каже дека некој има вина поради тоа, затоа што е нормално некој кога ќе побара средба таа и да се закаже, посочи Заев.

Тој додаде дека луѓето кои се од неговото коалиционо опкружување не знаеле за што се работи во моментот кога објавувале фотографии со личноста од туркото подземје и дека за него била издадена патна исправа со лажен идентитет

Заев вели дека не прифаќа тој и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да понесат одговорност, затоа што, како што вели тој, акцијата била успешна.

Прашан од новинарите кој ќе биде награден за ова акција и дали тој и Спасовски овозможиле логистика на мафијаши и наркокартели како што обвинува ВМРО-ДПМНЕ, Заев упати за детали кај Спасовски, кој, како што рече, се обидувал редовно да го брифира, иако неговиот фокус генерално е на пандемијата.

Спасовски, наведе Заев, даде транспарентно детали за сите податоци.

-Не би можел да прејудицирам одреден одговор на ваквото прашање и треба да го прашате министерот Оливер Спасовски, рече премиерот.

AnimeFreak animefreak dragon ball: Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen Episode Preview

WCOStream black clover wcostream: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview