July 26, 2021 02:45
Македонија

Заев за белградски „Курир“: Влегов во политиката за да дизајнирам различно опкружување и фер можности за секого

Заев за белградски „Курир“: Влегов во политиката за да дизајнирам различно опкружување и фер можности за секого

Скопје, 13 јуни 2021 (МИА) – Влегов во политиката по совет на мојот чичко кој ми рече дека некој мора да ги научи политичарите да дизајнираат различно опкружување, да создадат фер можности за секого, вели премиерот Зоран Заев во интервју за белградски „Курир“.

– Зошто влегов во политика? Беше 1995-96 година. Чичко рече дека некој од деловниот сектор мора да влезе во политика затоа што политичарите работат само со професори и не знаат каква е реалноста. Дека некој мора да ги научи политичарите да дизајнираат различно опкружување, да создадат фер можности за секого. Станав пратеник во 2003 година, а градоначалник на Струмица во 2005 година, што бев 12 години. Јас сум премиер од 2017. И кој ме контролира?! Па, мислам дека само (сопругата) Зорица ме контролира. Затоа што, знаете како велат – и над шефот има шеф, вели Заев.

Тој во интревјуто нагласува дека му претставува голема чест и одговорност што е премиер.

– Никогаш не сонував дека ќе бидам премиер на мојата земја. Роден сум во Муртино, работев земјоделство, продавав на пазар. Но, животот носи непознати патеки. Премиерот треба да служи максимум два мандати, бидејќи постои ризик да стане автократ. Тоа е ризик насекаде, но особено на Балканот. Здраво е што секогаш доаѓаат нови луѓе. Јас сум во мојот втор мандат, кој треба да биде до 2024 година и верувам дека тогаш ќе го завршам. Потоа ќе се вратам во нашите компании, повторно да се занимавам со комерција, додава Заев.

„Курир“ во воведот на итервјуто неведува дека шефот на македонската Влада има биографија за која повеќето политичари, не само од Балканот, можат само да сонуваат.

– Во една исповед за „Курир“, тој објаснува како стигнал од продавач на лубеници до најважната позиција во земјата, каков однос има со неговите родители денес, како го заработил првиот милион и зошто понекогаш сака да бега со мотор, наведува „Курир“.

Премиерот во интервјуто посочува дека неговото име е поврзано со Србија, првата девојка ја имал во Горњи Милановац, првиот дополнителен профит го заработил со продажба на детергент за перење алишта од Србија, а и првите милиони му се од продажба на суви пиперки во Србија.

– Првата голема заработка, 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица и му го дадовме на „Хоргош“ за производство. Во 2001 година во Суботица преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договор падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана, истакнува премиерот.

Тој наведува дека ако го прашате неговото семејство каде е создаден капиталот, ќе ви одговорат дека тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики.

– И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија, додава премиерот.

За тоа како ќе остане запаметен, Заев вели дека прво ќе го паметат во Струмица, која, како што нагласува, е најуспешната општина.

– И за сто години, некој ќе рече дека, кога Зоран Заев беше градоначалник, тој го правеше тоа и тоа… Значи, сакам да оставам што е можно повеќе добри работи. За син ми, мојот внук да речат „Кога татко ми, дедо ми беше премиер, тоа и тоа беше сторено“. Македонците и граѓаните од сите други националности ќе кажат дека кога Зоран Заев беше премиер, Северна Македонија стана членка на НАТО. И се надевам дека ќе започнат преговорите со ЕУ. Исто така, се надевам дека ќе зборуваат за тоа како е зголемена социјалната помош за триста процент. Значи, не три, не триесет, туку триста проценти. Како е зголемена просечната плата за 70 проценти за неколку години, како се зголемија пензиите…, истакнува Заев во интервјуто. сп/

4Anime Watch english anime Online in HD for FREE. TONIKAWA: Over the Moon For You (Dub) Episode 12

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Shaman King (https://animefreak.ws/m/RjX) Episode 64

AnimeHeaven Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Watch Darker than Black: Kuro no Keiyakusha Gaiden (Dub) Episode 4

KissAnime Liveinternet: https://www.liveinternet.ru/users/kissanimemx/blog#post484576870