April 4, 2020 13:22
Македонија

Заев: До 1993 година копав нива во Муртино, а кога студирав во Скопје бев главен фраер со „лада самара“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување на „Еден на еден“ на Канал 5 говореше за своето детство поминато во родното Муртино и раните денови поминати во ова село.

-Јас до 1993-та година одев да копам на нивата во Муртино, моето родно место. Тогаш се вадеа пари доста од земјоделието и тоа се продаваше на пазарите во Србија, Босна. Таму копав, наводнував, берев се грижев за неа, за тие 4 хектари. После тоа се преселивме во Струмица. Поминав 4-5 години на пазарите низ Србија, го продавав родот. Кога се вратив од студиите во Скопје, бев магационер една година во фирмите на мојата фамилија. Па истоварав половина шлепер, тоа е убаво искуство. Јас велам, не мора веднаш директор да се стане, истакна Заев.

Тој кажа збор-два и за студентските денови во Скопје.

-Од 1993 до 1997 година студирав на Економскиот факултет во Скопје. Имав сопствен стан и сам живеев. Тоа беа најубавите години, се знае студентските години се тоа. Тогаш имав обичен мотор и возев „Лада Самара“. Со неа бев главен фраер, изјави Заев.