January 16, 2021 07:30
Македонија

Заев да си гледа во сопствениот двор и фактот што пола раководство му бара смена и се срами од Заев

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

„Заев да си гледа во сопствениот двор и фактот што пола раководство му бара смена и се срами од Заев и да врши дефокус од распродавањето на државата. На повидок е најнов скандал за водење на тајни разговори во Софија каде се распродава идентитетот, јазикот, историјата.

За долговите ги повикуваме да ги праша тие што му седат во скутот на Заев и работат за него со цел спас на неговата фотелја. Воедно да го прашаат и за Кацарска судството и Рускоска обвинителството за притисоците и уцените кои ги вршат врз ВМРО-ДПМНЕ. Но залудно, ВМРО-ДПМНМЕ не прифаќа политика на свиткана кичма и компромиси со криминали не правиме.“