August 14, 2022 08:41
Македонија

Заев го предложил Ковачевски за негов наследник во СДСМ и Владата

Премиерот и лидер на владеачката СДСМ Зоран Заев, кој вечерва пред своите сопартици останал на ставот да се повлече од функциите како морален чин кој го најави по завршувањето на локалните избори на вечерашната седница на партискиот Централен одбор, го предложил заменик-министерот за финансии и член на партискиот Извршен одбор Димитар Ковачевски за негов наследник во партијата, а со тоа и за нов мандатар, велат од „Бихачка“.

Според неофицијалните информаци додека сеуште трае расправата пред ЦО, Заев отворено застанал зад Ковачевски, посочувајќи дека е добар избор за нов лидер и премиер. Најава дека Ковачевски ќе ја добие довербата на Заев беше неговото појавување на средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши на првичните разговор за влез на оваа опозициска партија во Владата и зголемување на парламентарното мнозинство во Собранието.