December 14, 2019 13:36
Македонија

Заев: Бројот на административци намален од 165 на нешто под 140 илјади

Премиерот Зоран Заев во врска со огласите за вработување во државните институции денеска изјави дека секогаш при крајот на годината има примање и трансформирање на работниот однос и оти најчесто се пополнуваат испразнетите работни места.

–  Секоја година, при крајот на годината има примање и трансформирање на работни односи воедначено. Крајот на годината е можност за сите што поминале осуммесечен, деветмесечен приправнички стаж да може да напредува, да добијат решенија за трајно вработување и слично, а крајот на годината исто така ги прави и буџетските баланси за сите оние што отишле во пензија. Нема нешто повеќе, нема нешто помалку од она што постоело во годините без разлика дали следуваат избори или не, се пополнуваат испразнети места. Знаете дека администрацијата од 165 илјади е намалена на нешто под 140 илјади. Продолжуваме со тој тренд заради тоа што севкупната рационализација и потребата во приватниот сектор е се поизразена и исклучиво веруваме дека е тоа добро за државата, изјави Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, Заев нагласи дека реформата во јавната администрација се одвива под буден мониторинг на Европската делегација.

Нови вести

Единствена Македонија: МАНУ има примарна задача да ги брани националните интереси

Valentina

ВМРО-ДПМНЕ: Заев освен тоа што е премиер на земјата со највисок криминал во Европа, тој е и премиер на земјата со најзагаден воздух во светот

Valentina

Над четвртина од вработените во МВР се жени, но сеуште има разлики во систематизациската застапеност

Valentina