October 26, 2021 00:16
Македонија

Заев: Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само оставка туку би заминале од политиката и не би се вратиле

До крајов на неделава, премиерот Зоран Заев очекува да ги добие извештаите кои треба да одговорат што е причината за пожарот во тетовската болница кој одзеде 14 животи. За 10 дена, пак, треба да стигне и извештајот од германските истражители.

„Тоа што сум информиран од МВР, кои соработуваат со претставниците, извештајот од германските истражители ќе е за 10 дена. Нашиот секако ќе е и порано. Времето е важно, граѓаните очекуваат одговорност што се случило, кои се причините. Јас лично ако ме прашате кога очекувам, очекувам до крајот на неделава да излезат извештаите. А кога ќе излезат тоа е до републичкиот обвинител. Согледувањата се направени. Замолувам побрзо да се направат извештаите, граѓаните очекуваат одговорност“, рече Заев.

Заев смета дека можеби ќе ги прифати оставките, а можеби не, тоа зависи од истрагата. Тој смета дека тоа би значело дополнително обучување на луѓе кои би менаџирале со корона кризата. Заев смета дека мора да се смисли колкава е вината, како луѓето кои понудија оставки работеле, што понатаму.

„Ако ги вратиме животите на овие 14 луѓе, не само што би дале оставка, туку би заминале од политиката и не би се вратиле. Но не можеме да ги вратиме! Модуларните болници е пациентите да не седат по паркинзи. Целта беше исполнета, таму се сместуваат граѓани заболени од ковид-19. Ние не градевме болници, тоа се модуларни контејнери. Тие се секаде во светот така поставени. Замолувам за целосно споделување на вистината. Јас реков никој не е венчан за ниту една функција. Функцијата е обврска како што е право. Јас можеби нема да ги прифатам, но можеби и ќе ги прифатам оставките. Моралната одговорност е направена. Ми требаат податоци, за да одлучам што со пандемијата, дали ќе треба некој да обучуваме во нови шест месеци, додаде Заев.

Тој нагласи дека модуларните болници не се стандардни болници кои се градат со одобрение за градба, туку се работи за контејнери кои се прават во фабрики и потоа се монтираат.

-Модуларните контејнери се замислени луѓето болни од ковид коишто не можат да бидат сместени во болничките услови, да бидат овде сместени. Државата не градеше статики, не бараше локациски услови, овде имаме модуларни времени контејнери, изјави тој.

Прашан каде слушнал да изгорат живи луѓе во модуларни болници, штом ги има во светот, тој рече има жртви насекаде.

Не се откажуваме од нив, ни требаат, местата во болниците се толку колку што се. Тоа се решенијата и не се откажуваме од нив бидејќи пандемијата трае“, додаде Заев.

 

Watch anime online for free at AnimeBee gogoanime

Website https://twistmoe.net: Watch Hajime no Ippo: Mashiba vs. Kimura twistmoe Episode Full animes online

Website https://4anime.biz: Watch Another: The Other 4anime Episode Full persona 4 the animation anime

AnimeTV: Black Butler: Book of the Atlantic (Dub) anime episode Full online free at https://animetv.cc animetv jp

Ko-fi: https://ko-fi.com/animefreakws

Pubhtml5: https://pubhtml5.com/homepage/flfy