February 16, 2019 12:54
Македонија

Заев:Пратениците со историска должност пред граѓаните ,да обезбедат пат на Македонија

Првиот човек на Владата, Зоран Заев доцна синоќа преку фејсбук-статус се огласи по доставувањето на четирите амандмани за промена на Уставот во Собранието.

Тој порача дека пратениците имаат историска должност да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет, преку договорот.

„Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор“, гласи коментарот на Заев.

Вчера Владата до Собранието ги достави четирите амандмани за уставни измени, за кои треба да се изјаснат пратениците во законодавниот дом. Суштинските измени се однесуваат на додавање на придавката северна пред името Македонија во целиот текст на Уставот, измени на преамбулата на Уставот во согласност со договорот со Грција, поцврста гаранција за неповредливост на границите и територијалниот интегритет, како и грижа за Македонците и дијаспората во странство. Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски не сакаше да одговори дали Владата успеала да ги убеди оние 10 пратеници кои недостасуваат за двотретинско мнозинство за уставни измени. Следен чекор е расправа која деловнички трае 10 дена, по што ќе биде јасно дали владејачкото мнозинство успеало да ги обезбеди 80-те пратенички гласа. Според извори од пратеничките групи, ова мнозинство засега не е обезбедено, но продолжуваат преговорите со опозициските пратеници. Од наjголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, деновиве истакнаа дека не отстапуваат од претходните ставови дека нема да поддржат промени на Уставот.

Related posts

Позната причината за смртта на Влатко Илиевски

24news

Бошњаковски: Одлуката за притворот за Моника Ристеска е престрога

24info

Зимскиот распуст за сите ученици продолжен за два дена

Filip