October 27, 2020 20:36
Хроника

Загина прилепчанец, со „томос“ се забил во столб

На 21.09.2020 во 17.25 часот на регионалниот пат Прилеп-Битола мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(66) од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб.

Во незгодата, возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.