Хроника

Загина камионџија кај Петровец

На 14.08.2019 година во 18.45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Дрма, поточно на регионален пат помеѓу с.Идризово и с.Петровец Д.Т.(36) од с.Ржаничино-скопско управувајќи товарно моторно возило влекач „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. На местото на настанот починал возачот.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба  на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.