Девојка на возраст од 24 години загина откако била прегазена на пешачки премин кај „Сити мол“, информираат од порталот А1он.
Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Тојота“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што починала. Неофицијално, автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин.
Од МВР, потврдија дека настрадала девојка и дека се врши увид на местото на несреќата.
Идентификуван е и возачот на „тојотата“, Ј.Ѓ.(22) од Скопје.
повеќе информации за овој настан најавуваат во текот на утрешниот ден.