January 22, 2022 10:29
Македонија

Заврши средбата Заев-Гаши: Имаме напредок

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, со своите тимови, денеска, имаа нова работна средба во рамки на разговорите за можно формирање заедничка Влада и заедничко парламентарно мнозинство.

На средбата е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт.

Разговорите продолжуваат водени од аспирациите за европската агенда на државата и од потребата за испраќање јасни пораки кон граѓаните и кон ЕУ за посветеноста во европеизирањето на Северна Македонија, за унапредувањето на економскиот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.

Се очекува до крајот на оваа недела да се остварат потребните консултации низ партиите и да се обезбеди потребното усогласување со цел постигнување договор за можна заедничка Влада која ќе се посвети на предизвиците кои доаѓаат од пандемијата и глобалната енергетска криза и која без заддршка ќе ги остварува зацртаните стратешки цели на Република Северна Македонија.

Според неофицијални информации, Алтернатива бара три министерски и едно вицепремиерско место. „Копјата“ најмногу се бијат околу барањето на Гаши во фотелјата на министерот за здравство да седне кадар од Алтернатива.

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

english anime Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

AnimeFreak My Hero Academia Season 5 Episode 20

Tokyo Revengers (Dub) Episode 21

AnimeFreak Boruto: Naruto Next Generations (Dub)

AnimeFreak Tokyo Revengers Episode 21