November 12, 2019 05:38
Спорт

Заврши сезоната за повредениот Кари

 Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, бекот Стеф Кари, има потешка повреда отколку што првично се мислеше, па за него најверојатно оваа сезона во кошаркарската НБА лига е завршена.

Кари се повреди минатиот месец на дуелот со Феникс санс, а иако после операцијата на левата рака се очекуваше да се врати за некој месец, сега велат дека мали се шансите да се врати до крајот на сезонава на 15 април. Ова е многу силен удар за тимот кој остана и без Клеј Томпсон.

Кари сезонава имаше просек од 23,5 поени по натпревар, и без него, шансите на Вориорс да се пласираат во плејофот се мали. 

Нови вести

Милан Борјан постави клупски рекорд на Црвена звезда

Igor

Ибрахимовиќ се двоуми дали да се врати во Милан или Манчестер

Igor

„Металците” и „Сонцата” си ја препуштаат фаворитската улога

Igor