December 7, 2019 22:38
Економија

Заврши ремонтот на Блок 3 во РЕК Битола

РЕК Битола ја известува јавноста дека успешно завршија ремонтните активности на Блок 3 во рамките на кои се извршени сите планирани зафати. Во текот на денот започнуваат пуштачките операции, по што Блок 3 ќе биде ставен функција и синхронизиран со електро – енергетскиот систем на земјата.

,,Паралелно со тоа, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на кого ќе бидат извршени сервисно – санациони зафати за подобрување на производствените перформанси. РЕК Битола ќе го продолжи производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, со што целосно ќе ги задоволи потребите од електрична енергија на АД ЕСМ и Република Северна Македонија”, се вели во соопштението.

Нови вести

Лукаревска: Чекор по чекор се бориме против сивата економија

Filip

Невработеноста намалена на 17,1 отсто

Valentina

НЛБ Банка- Банка на годината по десетти пат

Valentina