October 20, 2020 13:00
Скопје

Заврши реконструкцијата на улицата Боца Иванова, СДСМ продолжува со инвестиции во патната инфраструктура

Изјава за медиуми, Лилјана Божиновска, советничка во Советот на општина Бутел

„Општина Бутел заедно со градот Скопје, предводени од СДСМ континуирано работат на реализација на бројни инфраструктурни проекти, односно во изградба и реконструкција на улици кои од претходната власт беа целосно занемарени.

Завршена е реконструкцијата на улицата „Боца Иванова”, на потегот од кружниот тек до улицата „Лазар Трповски” во вкупна должина од 800 метри.

Оваа улица, заедно со улицата „Лазар Трповски”, чијашто реконструкција ќе биде исто така започната во периодот што претстои, се исклучително фреквентни улици и се од големо значење за нормалното функционирање на жителите од општина Бутел.

Претходно беше реконструирана дел од улицата „Александар Урдаревски”, а во тек е изградбата на втората фаза од булеварот „Босна и Херцеговина”.

Како на локално, така и на централно ниво, СДСМ продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура, со што обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај. Градиме по план и инвестираме во иднината на нашите сограѓани., Работиме уште повеќе за да биде уште подобро.