April 21, 2019 21:08
Балкан

Заврши протестот на албанската опозиција во Тирана

Со обраќање на потпретседателот на Демократската партија, Еди Палока пред партиското седиште и извикување на слоганот „Рама оди си”, попладнево заврши протестот на обединетата албанска опозиција во Тирана.

Обраќањето на Палока беше поради отсуството на партискиот лидер Љуљзим Баша, кој е во Брисел каде учествуваше на средбата на Европската народна партија (ЕПП).

– Сакам да Ве поздравам и да Ви честитам за денешната битка за постигнување сигурна победа. Ве поздравам и во име на г-дин Баша, кој одржува серија состаноци во Брисел, кои се успешни и се дел од победата што не очекува. Почнавме битка која ќе оди кон победа. Колку побрзо го разберат тоа, толку подобро за нив, изјави Палока.

Тој посочи дека „патот за уривање на Владата нема да запре тука”.

Нови вести

Во Црна Гора убиен таткото на водачите на „шкаљарскиот” криминален клан

Filip

Се финализира изградбата на џамијата во Атина

Filip

Во Грција лани регистрирани 117 случаи на расистичко насилство

Filip