Македонија

Заврши гласањето во Штип, Свети Николе, Пробиштип и Карбинци

 Мирен изборен ден во Штип, Свети Николе, Пробиштип и Карбинци е оценката на претседателите на општинските изборни комисии. Гласачките места се веќе затворени. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева изјави дека до 17 часот излезеноста на 77 избирачки места е 41,5 отсто.

-Бевме во обиколка на избирачките места. Немаме проблеми и се помина во најдобар ред. На овие избори право на глас во Штип имаа 41.722 гласачи, посочи Андреева.

Вчера во Штип гласаа болните и изнемоштени лица, сите пријавени 60 го искористија правото на гласа, а во Затвор –Штип од евидентирани 198 осуденици на избирачкиот список гласале 161.

Нови вести

Премиерот Заев на конференцијата “Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации: Стремиме кон одржлива финансиска поддршка на граѓанските организации

Valentina

Антикорупција ќе испитува како се избираат канцелариите за поранешните претседатели

Valentina

Промовирани два национални документа за заштита на природата

Valentina