December 1, 2022 17:24
Македонија

Заврши времето кога енергетските политики се носеа во партиските седишта, Мицкоски бесплатно нека ја дава струјата од неговите хидроцентрали

Христијан Мицкоски треба да знае дека заврши времето кога политиките во енергетскиот сектор се носеа во партиски седишта.

Белиот дворец не е место за решавање туку за создавање проблеми, таа зграда е синоним за корупција и олицетворение на криминал од каде произлегуваат сите блокади на штета на граѓаните и државата.

И за време на енергетската криза како и за време на пандемијата со коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, незрело, себично и популистички, на штета на граѓаните.

Ако толку е загрижен за енергетската криза, Мицкоски нека ја отстапи струјата од своите хидроцентрали бесплатно за граѓаните, а не наутро да лаже на прес конференции, а попладне да брои пари од високите фактури од неговиот бизнис со хидроцентралите.