November 18, 2018 18:24
Балкан

Завршија разговорите Белград-Приштина, наредните неизвесни

Во Брисел вечерва завршија разговорите во рамки на дијалогот Белград и Приштина во кои посредува Европската унија.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини имаше разговори со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и одделно со косовскиот претседател Хашим Тачи. Потоа следуваше заеднички состанок, јави Танјуг.

Тоа беше прв состанок меѓу Вучиќ и Тачи по 2,5 месеци откако прекина дијалогот Белград- Приштина. Средбата се одржува во  момент кога косовски власти воведоа 10 отсто зголемување на данокот за стоки од Србија.

Во соопштение од ЕУ е наведено дека се очекува Вучиќ и Тачи на состанокот ќе потврдат своја подготвеност да интензивираат напори за постигнување правно обврзувачки договор за нормализација на односите.

Српскиот претседател Вучиќ, пак, вечерва изјави дека дијалогот со Приштина ќе продолжи откако косовските власти ќе ги повлечат противправните одлуки.

 

Related posts

Српскиот министер за финансии поднесе оставка

24info

Вучиќ:Поддршка за договорот со Македонија и Грција,не ја потценувам пораката на народот

24info

Бошњаци иселеници бараат на Брнабиќ да и се забрани влез во БиХ поради изјава за Сребреница

24news